Top Sport

Трипл-дабл на Јокиќ, блесок на Нуркиќ, победи за Голден стејт и Финикс

Никола Јокиќ забележа трипл-дабл, а Јусуф Нуркиќ постигна најмногу поени во последните четири сезони, но нивните тимови Денвер и Портланд не успеаја да победата.

Чикаго го победи Денвер со 109:97. Јокиќ забележа 17 поени, 12 скокови и 15 асистенции. Актуелниот МВП лошо шутираше од игра, погоди само шест од 17.обиди. Целата стартна петорка на Денвер постигна двоцифрен број на поени, потфрлија резервите, заедно постигнаа само 10 поени. Најефикасен на натпреварот беше Зек Лавин со 32 поени.

ЛА Клиперс победија во Портланд 102:90. Нуркиќ натпреварот го заврши со 31 поен. Ова е најефикасниот натпревар на Босанацот по 2017 година, кога против Денвер постигна 33 поени. Пол Џорџ со 21 и Маркус Морис со 19 поени беа најефикасни во редовите на Клиперси.

Победи измината ноќ забележаа и водечките тимови во лигата, Голден стејт и Финикс.

Вориорс го победија Орландо 126:85. Стеф Кари постигна 31, а Ендрју Вигинс 28 поени. Финикс со 108:104 славеа против Сан Антонио. Крис Пол со 21 поен и 10 скока го предводеше Финикс.

Џоел Ембид го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната, забележа 43 поени и 15 скокови во победата над Шарлот по едно продолжение 127:124. Кај Шарлот се истакна Кели Убре со 35 поени.

Резултати: Детроит-Оклахома 103:114, Индијана-Вашингтон 116:110, Мајами-Мемфис 90:105, Милвоки-Кливленд 112:104, Минесота-Атланта 110:121.

Scroll to Top