Top Sport

Трипл-дабл на Јокиќ, Дончиќ и Ирвинг го растурија СА, Ембид го блокираше Мемфис

По паузата за Ол-стар викендот, изминатата ноќ продолжија возбудувањата во НБА лигата. Победи забележаа Денвер, Далас, Бостон, Филалделфија…

Никола Јокиќ, актуелниот МВП, го предводеше својот тим до победата над Кливеленд Кавалирс 115:109. Во Кливленд, Јокиќ за три четвртини забележа трипл-дабл. Тој е лидер во оваа статистичка категорија во лигата. Против Кавалирс го забележа 22. трипл-дабл во сезоната.

На крајот Јокиќ забележа 24 поени, 18 скока и 13 асистенции. Најефикасен кај Денвер, со 25 поени, беше Мајкл Портер јуниор.

Филаделфија во дербиот го победи Мемфис со 110:105. Одлична шутерска вечер имаше Џејмс Харден кој погоди 10 од 16. шута, постигна 31 поен со седум асистенции и исто толку скокови.

Сепак, најдобар поединец беше Џоел Ембиид.Постигна 27 поени, на кои им придодаде 19 скока, шест асистенции и шест блокади, од кои една во самиот финиш со која го реши победникот.

Оклахома Сити Тандер загуби по едено продолжение во Солт Лејк Сити, од Јута Џез со 120:119.

Шај Гилџис-Александер постигна 39 поени, осум скока, седум асистенции, две украдени топки и една блокада со шут од поле 12/16 за Оклахома. На спортивната страна уште подобра беше Лаури Марканен. Финецот мечот го заврши со 43 поени и 10 скока.

Предводени од Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, Далас Маверикс го совладаа Сан Антонио Спарс со 26 поени разлика (142:116). Дабл-дабл учинок имаше Словенецот 28 поени, 10 скока, седум асистенции.

Ирвинг беше вториот најдобар стрелец на тимот со 23 поени (8/13 шут).

Најдобриот тим во лигата, Бостон Селтикс, во Индијанаполис ја запиша 47.победа во сезоната. По едно продолжение Селтикс славеа победа 142:138. Најефикасен кај победниците беше Џејсон Тејтум со 31 поен. Индијана ја предводеше Мајлс Тарнер со 40 поени.

Scroll to Top