Турската репрезентација ја победи Полска во првиот четвртфинален натпревар од Европското првенство во кошарка со 91:77.
Во полуфиналето, Турција ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Литванија и Грција, кој е на програмата од 20:00 часот.
Победничкиот тим го предводеше Алперен Шенгун.
Центарот на Хјустон Рокетс постигна голем успех: го забележа шестиот трипл-дабл во историјата на Евробаскетот, го заврши натпреварот со 15 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Дфцифрене ефект кај Турците имаа и Шејн Ларкин (13 поени, 5 скока), Шехмуз Хазер (13 поени) и Ерџан Османи и Џеди Осман, кои го завршија натпреварот со по 10 оени.
Кај Полска се истакнаа Матеуш Понитка (19 поени, 5 скока, 6 асистенции) и Џордан Лојд (19 поени, 3 скока).
Михал Соколовски го заврши натпреварот со 13 поени и 3 асистенции, а Александар Дзиева со 11 поени.
Турција клучната предност ја стекна во втората четвртина која ја доби со 27:13, откако по првиот период беше 19:19. Во последната четвртина Турција водеше и со 21 поен, но Полјаците успеаја да намалат на осум разлика, тој налет на Послка Турција го одби со две тројки.
Foto/ EPA