Top Sport

Троен НБА шампион не сакал да има с..с додека му трае кариерата

Поранешниот НБА кошаркар Еј Си Грин кој во 16-годишната кариера одигра 1.192 натпревари во низа во најквалитетното кошаркарско друштво го доби прекарот „Iron Man“.

Грин играше за Лејкерси, Санси, Маверикси и за Мајами Хит, а со „Езерџиите“ стигна до три титули во НБА, во 1987, 1988 и во 2000 година.

Грин освен по издржливоста е познат и како многу религиозен човек. Додека неговите клупски колеги менувале и по неколку партнерки во едн ноќ, Грин тоа го одбивал. Поради своите религиски уверувања не сакал да има сексуални односи.

Во текот на целата играчка кариера, вели дека немал ниту еден сексуален однос. Соиграчите постојано му испраќале девојки во неговата соба, но Грин не потклекнал. Кога некоја девојка ќе влезела кај него, тој почнувал гласно да кажува молитва и девојката излегувала. Невиноста ја изгубил со неговата сегашна сопруга Вероник, дури по завршувањето на кариерата.

Од друга страна тој беше ѕвер на паркетот. Потсетување:

Scroll to Top