Top Sport

ФИБА потсетува на големата победа на Македонија против Литванија 67-65

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) денеска во 17 часот ќе ја репризира историската победа на кошаркарската селекција на Македонија над Литванија 67-65 на ЕП 2011 токму во нивната земја.

На четвртфиналниот натпревар кој Македонија ја одведе во прво историско полуфинале најпрецизен во нашиот состав беше Лестер Бо Мекејлеб со 23 поени.

Сепак славата по тој меч ја собра Владо Илиевски кој погоди клучна тројка на неколку секунди до крајот, а по мечот имаше легендарна изјава:

„Леле, луѓе, што направивме“.

Снимката од овој меч ќе се емитува на Фејсбук и Јутјуб каналите на ФИБА.

Scroll to Top