Top Sport

Тројка со звукот на сирената – Лејкерси водат 2-0 против Денвер

Лос Анџелес Лејкерс го добија вториот натпревар против Денвер со 105:103 во финалната серија на Западот. Лејкерси победија со тројката која Ентони Дејвис ја постигна со звукот на сирената.

Лејкерси во текот на целиот меч имаа предност меѓутоа не можеа да се одлепат. Во првиот период Лејкерси водеа и со двоцифрена разлика (25:15). На крајот од третиот период Денвер се доближија на само три поени, меѓутоа Лејкерси успеаја во последниот период да се одлепат на 16 коша од противникот.

Финишот на мечот беше исклучително интересен. При водство на Лејкерси 100:92, Никола Јокиќ постигна 13 поени, а Деневер се најдоа пред победа (102;103). Сепак во последниот напад Мејсон Пламли одигра лоша одбрана го остави Дејвис сам кој непречен погоди тројка за конечни 105:103.

Дејвис го предводеше победникот со 31 поен, пет повеќе од Леброн Џејмс кој имаше и 11 скокови и четири асистенции.

Кај Денвер се истакнаа Јокиќ со 30 поени, шест скока и девет асистенции, односно Џамал Мареј со 25 поени.

Scroll to Top