Top Sport

Тројка за победа во последната секунда, Окоро меч-винер во Бруклин

Со тројката на Исак Окоро на секунда до крајот, Кливленд направи голем пресврт и успеа да победи во Бруклин со 116:114 во дерби мечот од Источната конференција на НБА лигата.

На само две минути до крајот, Бруклин Нетси имаа осум поени предност 112:104 и се чинеше дека сигурно чекорат кон победата. Сепак, Леверт комбинираа девет поени и Кливленд на 11 секунди до крајот се доближи на еден поен негатива.

Откако Мичел го промаши вториот шут за израмнување, Леверт беше тој што оствари офанзивен скок, му ја даде топката на Окоро кој погоди тројка за победа.

Лос Анџелес Клиперс одигра одлично второ полувреме и ја победи Оклахома со 127:105 Каваи Ленард постигна 32 поени, шест скока и шест асистенции, а го следеше Расел Вестбрук со 24 поени и седум асистенции.Шај Гилџегес-Александар ги предводеше гостите со 30 поени.

Орландо на домашен терен ги изненади Њујорк Никс со 111:106. Шестмина играчи на Меџик имаа двоцифрен учинок, Банкер постигна 21 поен. Грајмс и Квикли со 25 беа најефикасни кај Никс.

Њу Орлеанс ги одржа надежите за место во плејофот со убедливата победа над Шарлот од 115:96. Инграм оствари трипл дабл со 30 поени, 11 скока и 10 асистенции, Валанчунас забележа дабл-дабл со 20 поени и 19 скока.

Scroll to Top