Top Sport

Цибона ја напушти АБА 2 лигата

Кошаркарскиот клуб Цибона донесе одлука да се откаже од настапот во регионалната АБА 2 лига.

Како што објавува „Јутарњи“, по долги консултации, загрепскиот клуб донесе одлука да се повлече од лигата. Поради оваа одлука, Цибона нема да игра против ТФТ од Скопје.

Натпреварот против ТФТ беше закажан за понеделник во 18:00 часот на „Драженов дом“.

По осум години, Цибона се врати на европските натпреварувања со аплицирање за ФИБА Еврокупот, но истовремено играше во АБА2 и домашното првенство.

„Тоа би било неодржливо со ограничен персонал“, објавува „Јутарњи“.

Претходно беше објавено дека клубот размислува за повлекување од АБА лигата, но се чекаше финансиска поддршка од Хрватскиот кошаркарски сојуз.

Scroll to Top