Top Sport

Црвена звезда го потврди трансферот на Геидраитис

Литтванецот Рокас Геидраитис наредната сезона ќе го носи дресот на Црвена звезда, потврди клубот на социјалните мрежи.

Литванскиот кошаркар е шестото засилување за црвено-белите од почетокот на преодниот рок, а трето во последните 24 часа. Вчера во клубот пристигнаа центрите Мајк Тоби и Џоел Боломбој, пред нив пристигна Дејан Давидовац, Милош Теодосиќ и Адам Ханга.

Литванецот ќе потпише едногодишен договор. Минатата сезона имаше солидна сезона во Басконија.

Тој беше избран во вториот состав на шпанскиот шампионат. Во Евролигата имаше просек од 11,9 поени, 4,1 скок и 1,5 асистенции по меч.

Пред Басконија, Геидраитис меѓу другите играше за Алба и Лиетувос Ритас.

Според шпекулациите во наредните денови Црвена звезда треба да се засили со плејмејкерот Шабаз Нејпир од Олимпија Милано и крилното на Виртус Болоња, Токо Шенгелија.

Scroll to Top