Црвена звезда и Дубаи изборија мајсторки во полуфиналните серии, во АБА лигата, против Будуќност, односно Партизан. Натпреварите број 2, во Белград и Дубаи домаќините ги добија со 100:81, односно 100:95.
Црвена звезда во целост и се реваншира на Будуќност за поразот во понеделникот со 34 поени разлика. Црвено-белите го отворија натпреварот со 8:1 и во ниту еден момент не ја испуштија предноста.
Филип Петрушев го предводеше црвено-белиот тим до победата со 20 поени и пет скока, тој поради две технички грешки во неколку секунди беше исклучен по пет минути игра во третиот период. По 13 поени постигнаа Ајзеа Кенан, Огњен Добриќ и Немања Недовиќ, 11 постигна Рокас Гедраитис.
Џон Браун, изнуди четири офанзивни фаули, запиша четири поени, пет скока и три асистенции. Јаго дос Сантос имаше седум поени, но имаше и девет асистенции.
Кај Будуќности, Јуван Морган постигна 18 поени, Мекинли Рајт 13, додека Никола Танасковиќ имаше 12 поени со четири скока.
Јоги Ферел исто така имаше двоцифрен број на поени со 11 поени.
Во Дубаи, Партизан се самоуништи во последната минута, во која влезе со четири поени и напад, на крајот им дозволи на домаќините да изборат продолженија. Партизна го имаше и последниот напад, но Карлик Џонс не успеа да погоди.
Во дополнителните пет Дубаи избоминира предводен од Мејсон и Препелиќ.
Клемен Препелиќ постигна 30 поени со три скока, Нејт Мејсон постигна 26 поени со пет скока и шест асистенции, а, Дејвис Бертанс уфрли 16 поени.
Најефикасен во тимот на Партизан беше Карлик Џонс кој го заврши натпреварот со 25 поени, пет скока и седум асистенции, додека Френк Ниликина имаше 18 поени, а Тирик Џонс 12 и 8 скока.
Решавачките натпревари ќе се одиграат в недела.