Top Sport

Црвена Звезда му нуди 3 милиони евра на Никола Миротиќ

Никола Миротиќ сѐ уште не го решил статусот со Барселона, но неговиот следен клуб е една од главните теми во европските кошаркарски кругови.

Речиси секојдневно се менуваат информациите за тоа каде би можел Миротиќ да игра следната сезона, а сѐ се врти околу три клуба, Монако, Олимпијакос и Црвена Звезда.

Според грчките медиуми, Црвена Звезда води во трката за Миротиќ со фантастична понуда од 3 милиони евра по сезона.

Миротиќ прво со Барселона треба да го разреши статусот за преостанатите две години од актуелниот договор вреден 22 милиони евра.

 

Scroll to Top