Top Sport

Црвена звезда реши да го отпушти Сверопулос

Јанис Сверопулос (58), грчки кошаркарски тренер повеќе не е тренер на Црвена звезда. Клубот реши да ја раскине соработката по двата порази во Евролигата и шокатниот пораз од Задар (79:85) дома во првото коло од АБА лигата.

Сверопулос ќе води само уште еден натпревар од Евролигата против Фенербахче во петок, по што заминува. Српските медиуми пишуваат дека фаворити за негов наследник се Дејан Радоњиќ и Саша Обрадовиќ.

Звезда инвестираше околу 20 милиони евра во тимот за оваа сезона со цел повторно да биде најдобар во регионот и конечно да направи пробив во Евролигата. Но, сезоната започна очајно.

Навивачите на Звезда по дуелот со Задар побараа оставка од тренерот. Тоа и се случи и тренерот кој претходно ги водеше Олимпијакос и Макаби Тел Авив мораше да си замине.

Тој дојде во Звезда пред две години и оттогаш освои едно регионално и едно српско првенство и два национални купа.

Scroll to Top