Top Sport

Турците ја поништија кошаркарската сезона без шампион и испаѓање

Претседателот на Турската кошаркарска федерација, Хидајет Туркоглу потврди дека поради пандемијата на корона вирусот сезоната 2019/20 од шампионатот е поништена, без да се прогласи шампион и без да има испаѓање во понизок ранг.

Патниците во европските натпреварувања ќе бидат одредени според табелата при прекинот на натпреварувањето. Анадолу Ефес беше првопласиран пред Пинар Каршијака, Фенербахче и Галатасарај. Бујукчекмеџе и ИТУ се спасија од испаѓање.

Форматот на новата сезона ќе биде одредена подоцна и ќе се земат во предвид правилата на федерацијата, но и финансискиот статус на клубовите и нивните лиценци.

Scroll to Top