Top Sport

Турција во дербито на првата фаза ја победи Србија

Српската кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз во групната фаза на Евробаскетот, Турција беше подобра и славеше со 95:90, со што го освои првото место во Групата А.

Натпреварот беше вистинско уживање за љубителите на кошарката, со спектакуларен дуел помеѓу Никола Јокиќ и Алперен Шенгун кој практично го диктираше темпото на двата тима.

Од првите минути, средбата беше неизвесна. Селекторите Ергин Атаман и Светислав Пешиќ не калкулираа, а нивните тимови постојано се менуваа во водство.

Србија започна добро, но Турција набрзо го презеде водствотт. Во текот на сите 40 минути резултатот беше речиси изедначен, а решавачкиот момент се случи на крајот кога Никола Јовиќ промаши зицерот за +6, а Марко Гудуриќ ја загуби топката во критична ситуација.

Проблем за Србија е повредата на Алекса Аврамовиќ, кој го напупти теренот во финишот на првото полувреме и не се врати на теренот. Турција ја топрпедира Србија со 18 тројки од 31 шут.

Никола Јокиќ беше најефикасниот играч во Србија со 22 поени, девет скока и четири асистенции. Марко Гудуриќ додаде 12 поени, додека Филип Петрушев постигна 11 поени.

Алперен Шенгун го предводеше турскиот тим со 28 поени, 13 скока и осум асистенции, додека Шејн Ларкин постигна 23 поени и девет асистенции, а Чеди Осман уфрли 16 поени.

Во осминафиналето Турска ќе игра против Шведска, а Србија против Финска.

foto/ EPA

Scroll to Top