Top Sport

Турците им ги одзедоа пасошите на Ларкин и Вилбекин

Американците со турски пасоши во иднина ќе биде странци во домашното првенство бидејќи ја игнорираа поканата на да играат летово за националниот тим.

Без Шејн Ларкин и Скоти Вилбекин Турците доживеаја фијаско на домашен терен во претквалификациите за Олимписките игри. Селекторот Ергин Атаман, обвини дека тие не добиле дозвола од своите клубови Фенербахче и Анадолу Ефес да играат на Турција.

Не само што добија суспензија од пет натпревари во турскиот шампионат и парична казна од околу 3.000 евра, туку Ларкин и Вилбекин остнаа без турските пасоши. Поточно, тие повеќе нема да се бројат како домашни играчи во турскиот шампионат, што ќе им создаде најголем проблем на нивните клубови.

Ларкин протестираше и му одговори на Атаман дека не можел да помогне бидејќи е повреден, додека Вилбекин мирно ја прими оваа вест и едноставно „не му се јавувал на телефон“ на Атаман.

Фенербахче излезе во негова одбрана, исто како што Ефес го поддржа Шејн Ларкин.

Scroll to Top