Кошаркарите на Фени индустри го совладаа Кожув 93:77 (20:18, 28:19, 27:19, 18:21) во рамките на 8.коло во домашниот шампионат.
Сериозните финансиски проблеми во кои се наоѓа Фени индустри не ја ги спречија кошаркарите професионално да ги исполнат своите обврски натеренот и со убедлив триумф да се искачат на делба на третата позиција на табелата по некомплетната осма рунда.
Горјан Марковски го предводеше Фени до победата со 28 поени, а одличен натпреваро одиграа и двајцата плејмејкери Јане Петровски (18 поени, 8 асистенции) и Андреј Магдевски (17 поени, 7 скоа, 6 асистенции).
На спортивната страна најефикасен беше Иван Мишковиќ со 18 поени.
Осмото коло ќе биде комплетирано со натпреварите Карпош Соколи-Блокотехна (вторник) и МЗТ-Работнички (среда).