Top Sport

Убедлив триумф на ГС Вориорс во Денвер

Актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт Вориорс забележаа победа во Денвер 127:108. Вориорс по бавниот влез во сезоната полека влегуваат во ритам, во Денвер тие победата ја најавија во првиот период (23:36), а победникот го решија во третата четвртина кога постигнаа 43 поени.

Кевин Дурент постигна 25 поени, Стеф Кари забележа 22 со 11 асистенции, додека во редовите на Денвер најефикасен беше Вил Бартон со 21 кош.

Изминатата ноќ најнезивесниот натпревар го одиграа Чикаго Булс и Њу Орлеанс Пеликанс. Победата по продолжението ја однесоа Пеликанс 90:96.

Џастин Холидеј беше најефикасен кај Чикаго со 18 поени, додека Пеликанс ги предводеа центрите, Енрони Дејвис со 27 и Демаркус Казинс со 25 поени.

Карл Ентони Таунс одигра уште еден добар меч и ја предводеше Минесота до победата над Далас 112:99. Таунс постигна 31 поен и беше најефикасниот играч изминатата ноќ во НБА лигата.

Детроит Пистонс ги пречека Сакрамнето Кингс и во израмнет натпревар славеше 108:99. Бредли уфрли 24 поени за победникот, додека кај Сакраменто кој остана на само една победа сезонава најефикасен беше Бартон со 21 поен.

Scroll to Top