Top Sport

Новости: Пауновиќ ќе биде новиот селектор на Србија

Вељко Пауновиќ тренерот на фудбалскиот клуб Чикаго инкогнито допатувал во Белград каде ги договарал условите околу преземањето на сениорската репрезентација на Србија, објави весникот „Вечерње новости“.

Пауновиќ (40) во саботата со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Славиша Кокеза, во саботата ги започнал преговорите за преземање на функцијата во националниот тим кој наредното лето ќе учествува на Мундијалот во Русија.

„Не можам да зборувам за контактите со ФСС бидејќи такво нешто немаше. Имам актуелен договор со Чикаго Фајер. Сезоната во МЛС лигата неодамна заврши и сега ги правам плановите за наредната сезона“, кусо за „Вечерње новости“ изјавил Пауновиќ.

Вељко Пауновиќ со репрезентацијата на Србија до 19 години стана светски првак.

Србија наредната недела ќе одигра две средби во Азија, најпрвин со Кина, а потоа и со Јужна Кореја.

Србија остана без селектор откако по завршувањето на квалификациите, во кои репрезентацијата го освои првото место, ФСС спогодбено го раскина договорот со Славољуб Муслин.

Scroll to Top