Top Sport

Убедлив пораз на МЗТ Скопје и од Задар

МЗТ Скопје Аеродром загуби со 98:79 на гостувањето кај Задар во дуелот од 11. коло во кошаркарската АБА лига со што врза три последовни пораза, има вкупно осум и е на последното место на табелата во регионалното натпреварување.

Домашниот состав не му даде никаква шанса на нашиот претставник. Сѐ реши во првото полувреме кога по само пет минути успеа да направи двоцифрена предност.

Првата четвртина заврши со предност на домаќините од 29:16, кои продолжија да доминираат и во текот на втората четвртина, на одмор заминувајќи со преубедливи 57?35.

Во вториот дел Задар само продолжи да ја зголемува предноста и уверливо дојде до триумфот.

Миќовиќ беше најефикасен во МЗТ Скопје со 22 поени, 18 постигна Војдан, а 11 – Дамјан Стојановски. Целосно потфрлија Американците, Кефи постигна три поени со шут 1/5 и четири загубени топки, додека Вер дебитираше со катастрофален шут 1/11 за само три постигнати поени.

Во следното коло, МЗТ ќе игра против еден од ривалите од дното на табелата, Сплит. Дуелот е закажан за на 22. декември.

Scroll to Top