Top Sport

Убиен поранешниот НБА играч, Андре Емет

Поранешниот НБА играч Андре Емет, кој играше две сезони со Бруклин нетс и Мемфис Гризлис е убиен утрово во Далас.

Емет, кој беше ѕвезда на колеџ-тимот на Тексас Тех, беше избран како 35. пик во втората рунда на НБА драфтот во 2004 година од Сиетл, а покрај НБА искуството играше и во Европа во Лиетувас Ритас, Лиеж и По Ортез.

Последните години тој играше во Порторико, но и во американската „Биг3“ лига. Деталите околу неговото убиство не се објавени, но се знае дека неодамна тој станал татко.

Scroll to Top