Top Sport

По Де Јонг и Де Лихт, Барселона ќе тргнат и по Таљафико

Барселона за наредната сезона го договори Френки Де Јонг од Ајакс за 75 милиони евра, во понеделникот медиумите објавија дека таму ќе му се приклучи и Матијас Де Лихт, а најновата информација е дека Каталонците тргнале по уште еден играч на славниот холандски клуб.

Најнова мета на Барселона бил аргентинскиот лев бек, Николас Таљафико. На „Ноу Камп“ долго време се во потрага по квалитетен лев бек, како поддршка за Жорди Алба.

Изминатиот период се шпекулираше со неколку имиња, како Фелипе Луис од Атлетико Мадрид и Алберто Морено од Ливерпул, но најверојатно изборот ќе падне на Аргентинецот од Ајакс.

Холанѓаните ја определиле и цената за овој фудбалер, а таа изнесува 20 милиони евра.

Конкуренти на Барселина ќе и бидат двата клуба од Мадрид, Реал и Атлетико, односно Арсенал.

Scroll to Top