Top Sport

Убре и Кари го декласираа Далас

Кошаркарите на Далас Маверикс го забележаа седмиот пораз на последните осум натпревари. Маверикс доживеаја дебакл во дуелот со Голден стејт Вориорс (116:147) и со скор од девет победи и 14 порази се наоѓаат на претпоследното место на Западот.

Кели Убре, Стеф Кари и Дрејмон Грин им одржаа лекција на колегите од Далас. Убре одигра брилијантен меч, постигна 40 поени, Кари уфрли 28, а Грин забележа 11 поени и 15 асистенции.

Лука Дончиќ имаше лош процент на реализација, погоди осум од 20 удари од поле. Словенецот мечот го заврши со 27 поени, но во вториот дел кога Ворисорс ја правеа разликата уфрли само два поени. 25 поени уфрли Кристапс Прозингинс.

Јута Џез ја задржаа лидерската позиција во лигата. 17 победа во 22 натпревар сезонава, Џезерите ја забележаа против Атланта Хокс (112:91).

Џордан Кларксон постигна 23, а Бојан Богдановиќ 21 поен.

Портланд без двајцата најдобри (Лилард и Мекалум) поебдија во Филалделфија 121:105. Трент и Кармело Ентони беа најефикасни со 24, односно 22 поени. Одличен меч одигра и Турчинот Енес Кантер (17 поени, 18 скокови).

Филалделфија не успеа да го избегне поразот и покрај тоа што Зоел Ембид постигна 37 поени.

Scroll to Top