Top Sport

Солдадо до Куман: Ти си идиот, кловн

Барселона, во средата, на драматичен начин успеа да избори пласман во полу-финалето во Купот на Шпанија. Барса против Гранда губеше 0:2 до 88 минута, успа да избори продолженија, а потоа во продолженијата победи со 5:3.

Стрелец на вториот гол за Гранада, беше ветеранот Роберто Солдадо, кој бил огорчен од однесувањето на тренерот на Барселона, Роналд Куман, во текот на натпреварот.

Солдадо смета дека Куман недолично ги прославувал головите на својот тим во продолженијата.

„Тој е идиот, идиот“, рекол Солдадо гледајќи во правецот на Куман.

„Ти си кловн, немаш скромност“, викал 35-годишниот напаѓач.

 

Scroll to Top