Top Sport

Ученикот на Обрадовиќ ќе биде новиот тренер на Анадолу Ефес

Анадолу Ефес во новата сезона ќе влезе со нов тренер. Актуелниот тренер, кој ги освое последните две издание на Евролигата, Ергин Атама, од наредната сезона ќе го предводи Панатинаикос.

Ефес, во тековната сезона, не успеа да влезе во Топ 8. На тимот, кој со мали измени речиси четири години е заедно, му се потребни промени. Прв тоа го почувствува тренерот Атаман.

Соо клупата на Ефес се поврзуваа Пабло Ласо и Андреа Тринкиери, но како што тврдат турските медиуми, домашен стратег ќе го преземе тимот.

Нов тренер треба да биде 42. годишноот Ердем Чан, актуелниот тренер на Турк Телеком. Чан со Турк Телеком има извонредна сезона, лидер е во турскиот шампионат, а во Еврокупот стигна во финалето, каде што загуби од Гран Кнарија.

Чан е кариерата ја градеше во Фенербахче, учеше од најтрофејниот тренер во Евролигата, Жељко Обрадовиќ.

Наводно ќе потпише двегодишен договор.

Scroll to Top