Top Sport

УЛЕБ и ФИБА се здружија против Евролигата

УЛЕБ ѝ се придружи на ФИБА во тужбата која Светската кошаркарска организација ја поднесе против Евролигата и Еврокупот уште во 2016 година.

Однесувањето на ЕЦА (организатор на Евролигата и Еврокупот) овие две организации го оцениле како „злоупотреба на доминантната положба во европските клупски натпреварувања“.

Претседателот на УЛЕБ, поранешниот белгиски кошаркар Томас ван ден Шпгел порачал.

„Заедно со членивите на лигата напорно работиме со цел да ги задржиме принципите на кошарката, на домашно и на интернационално ниво. Веруваме дека сите клубови мораат да се натпреваруваат на највисоко ниво. Ако го земеме во предвид начинот на кој што ЕЦА со својот календар влијаеше врз кошарката во изминатите години јасно е дека мораме да реагираме решително за да ги заштитиме своите права. Поради тоа УЛЕБ реши и официјално да ја поддржи ФИБА и тужбата покрената против ЕЦА. Уверени сме дека е важно да се обезбеди европскиот модел во кошарката. Ќе докажеме пред судот дека ЕЦА ја уништува европската кошарка, на клупско и репрезентативно ниво“, рекол Ван ден Шпигел.

Scroll to Top