Top Sport

Сагосен му „дише во врат“ на Лазаров

Норвешкиот лев бек, Сандер Сагосен игра одлично на Европското ракометно првенство, а досега има реализирано 51 погодок.

24-четиригодишниот ракометар кој последна сезона ги брани боите на француски ПСЖ е вистински лидер во националниот тим кој пак не знае за пораз. Норвешка досега има 7 од 7 на ЕП2020, со обезбеден пласман во полуфинале.

Сагосен е убедливо прв на листата на стрелци на ова првенство со 51 гол, а му преостануваат уште најмалку 3 средби до крајот, па многу веројатно е дека ќе го загрози рекордот на капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров кој на ЕУРО 2012 во Србија постигна 61 гол.

Интересно, Сагосен ја започнал професионалната кариера токму во 2012 година кога Кире дојде до големото признание.

Тогаш, во 2012. нашата селекција го освои историското 5-то место, а Лазаров го запиша своето има на вечната листа. Но и доколку падне рекордот на Лазаров (што е повеќе од извесно), треба да се потенцира дека нашиот десен бек тој подвиг го оствари со помалку натпревари од Норвежанецот.

Денеска Сагосен и Норвешка ги чека дуелот со Словенија од 18.15 часот. Потоа Норвешка ја очекува полуфинален дуел и евентуално финале, односно борба за бронзен медал.

Scroll to Top