Кошаркарите на Портланд синоќа одиграа контролен натпревар со германски Улм и победија со 111:100.
Улм, учесник во Еврокупот веднаш по завршувањето на натпреварот со првиот лет се враќа во Германија, бидејќи во сабота од 18 часот и 30 минути ќе гостуваат во Олденбург во Бундеслигата, а оттаму ќе се упатат кон Западна Сахара, поточно кон Канарските Острови, каде во вторник ќе одиграат натпревар од Еврокупот со Гран Канарија.
Улм во рок од пет дена ќе игра на три континенти – Северна Америка, Европа и Африка.
Треба да се додаде дека оваа светска турнеја кошаркарите на Улм ја започнаа од Истанбул, каде во понеделникот вечерта одиграа натпревар од Еврокупот со Бешикташ и доживеаја убедлив пораз од 107:74.
Во Орегон германскиот тим го подобри впечатокот и го „положи оружјето“ во последната четвртина пред фаворизираниот домашен тим, член на најсилната кошаркарска лига во светот.
Портланд до полувремето акумулираше 15 поени предност, а во вториот дел имаше 20, но подоцна стигна одговорот и гостите се доближија на негатива од шест поени. Сепак, тоа беше најблиску што Улм успеа да се доближи до тимот на Чонси Билапс.
Домашниот тим, важно е да се истакне, одигра без неколку напаѓачки адути. Тимот беше без Шејдон Шарп, Роберт Вилијамс Трети, Анферни Симонс, Џереми Грант, Џабари Вокер и Матис Тајбул.
Најефикасен кај победниците беше Дени Авдија со 18 поени, додека Деандре Ајтон постигна 13.
DENIED BY DC™️ pic.twitter.com/JQpnlVNlTP
— Portland Trail Blazers (@trailblazers) October 17, 2024