Top Sport

Ултиматум за Адетокумбо: Потпише нов договор или ќе биде „трејдуван“

Шампионите на НБА за 2021 година, Милвоки Бакс, се на пресвртница, дали ќе продолѓат со или без Јанис Адетокумбо, доколку Гркот замине ќе следува целосно „обновување“ на тимот.

Прашањето со Јанис е актуелно речиси една година и ги оптоварува двете страни на преговарачката маса, а на крајот на денот влијае на резултатите на Бакс, кои нема да се пласираат во плејофот оваа сезона, по долго време.

Милвоки е на прагот да ја заврши сезоната на 11-то место на Истокот, осум победи зад првиот тим во зоната на плејофот, Шарлот.

Во сите три претходни сезони, Бакс беа елиминирани во првото коло од плејофот.

Во меѓувреме, шпекулациите за заминувањето на Адетокумбо само се засилија и се чини дека го достигнуваат својот врв со крајот на тековната сезона.

Гркот, кој е надвор од игра по втор пат оваа сезона поради повреда, но планира да се врати на теренот во финишот, сега се соочува со одлука за кариерата.

Клубот го изрази својот став, дури и пред Јани, преку сопственикот на франшизата Вес Еденс.

„Јанис влегува во последната година од својот договор, па ќе се случат две работи: или ќе потпише нов договор или ќе го продадеме“, изјави Еванс директно за ESPN.

Следанта сезона ќе биде посладна за Адетокумбо од актуалниот договор, според кој му следува плата од 58.456.566 долари.

Доколку одлучи да ја продолжи соработката, ќе добива уште повеќе по сезона (62.786.682 долари) или ќе ги бара тие пари на друго место.

Работата е што тој мора наскоро да одлучи.

Во Милвоки не сакаат да чекаат на конечната одлука на Јани и сакаат да ја слушнат што е можно поскоро.

Бакс не сакаат Антетокумпо да игра следната сезона, а потоа да си замине. Во тој случај, франшизата губи многу, а не добива ништо за возврат.

Последниот рок за потпишување на нов договор е 1 октомври, меѓутоа, раководството на клубот сака Јанис да се изјасни многу порано, за да можат и тие да направат долгорочни стратешки планови, со или без него.

„Не можеме да си дозволиме да го пуштиме да игра без да потпише нов договор. Не е во ред франшизата да го прави тоа. И не станува збор за Јанис, туку за кој било играч што влегува во последната сезона од својот договор“, додаде Еденс.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');