Top Sport

Ушта двајца заразени во Реал – Одложен натпреварот против Фенербахче

Евролигата го одложи натпреварот Фенербахче-Реал Мадрид. Претпладнево, Реал, објави дека има уште двајца позитивни играчи во тимот – Серхио Љуљ и Џефри Тејлор. Реал во моментов на располагање има само тројца сениори, со четворицата играчи од вториот тим, тие имаат седум играчи на располагање, што според правилата на Евролигата не е доволно за да го одиграат натпреварот во Истанбул.

Минатата недела, Реал, пријави шестмина заразени, кои им се приклучија на Тома Ертел и тренерот Пабло Ласо. Со пола тим, во кој беа тројца јуниори, Реал успеа да приреди изненадување и слави победа против ЦСКА Москва.

Евролигата во своето соопштение. потсети дека еден натпревар најмногу може да биде одложен три пати, доколку постои простор во календарот. Водството на лигата ќе преговара со клубовите околу новиот термин.

Scroll to Top