Плејмејкерот на Портланд Демијан Лилард и бекот на Сан Антонио Спарс Демар Дерозан решија да го пропуштат Светското првенство во Кина. Медиумите во САД шпекулираат дека ветеранот Кевин Лав е следниот што ќе му откаже на селекторот Грег Поповиќ.
Лилард и Дерозан им се приклучија на Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Ерик Гордон, Си-Џеј Мекалум, Тобајас Херис, Бредли Бил и Зијон Вилијамсон кои изминатите денови се откажаа од настап во националниот тим.
Селекторт Поповиќ се соочува со големи проблеми и веројатно ќе мора да повика нови играчи.
Најголеми ѕвезди во „Дрим-тимот“ како што популарно се нарекува американската репрезентација во овој момент се новиот играч на Бостон Селтикс, Кемба Вокер, шампионот со Торонто Репторс, Кајл Лаури и бекот на Милвоки, Крис Мидлтон.