Top Sport

Уште еден од семејството Адетокумбо нема да игра на ОИ

Грчкиот кошаркар Костас Адетокумбо нема да учествува на Олимписките игри.

Адетокумбо се повреди за време на квалификациите за Олимписките игри, а требаше да биде сигурен патник во тимот на Василис Спанулис во Париз.

Костас е вториот од браќата Адетокумбо кои ќе мора да ги пропуштат Олимписките игри поради повреда, по Танасис, па затоа Јанис ќе биде единствениот од семејството кој ќе атакува на златото во Париз.

Грција на Ои е во најтешката група, во која се и Канада, Шпанија и Австралија.

Scroll to Top