Top Sport

Уште не постои консензус за тоа како ќе се врати НБА

Бордот на гувернери на НБА не успеа да стигне до консензус за тоа како ќе се врати лигата на крајот на јули, објавува „Асошиејтед прес“.

По паузата од март поради епидемијата на корона вирусот, НБА комесарот Адам Силвер уште не одлучил како ќе се продолжи лигата на „Дизниворлд“ во Орландо, со опции од 16 до 30 тима во акција.

Се верува дека најверојатна е идејата да се вратат само 20 тима, но сигурно не сите 30, а алтернативен план е да се вратат тимовите кои се на шест меча од место во плејофот, што значи дека од Источната конференција ќе се вратат 9 клуба, а од Западот дури 13.

Силвер, кој работи во соработка со Асоцијацијата на НБА кошаркари (НБПА), не открива кога ќе се донесе одлука, откако на состанокот во четвртокот не се ратификувал неговиот предлог.

Њујорк никс и Вашингтон визардс ги отворија своите тренинг центри во петокот првпат по корона вирусот, а Бостон селтикс ќе го направат исто од понеделник. Досега, само Детроит, Сан Антонио и Голден Стејт немаат јасни планови за враќање на тренинзи.

Scroll to Top