Top Sport

Успешна операција за Кари, ќе паузира најмалку три месеци

Една од најголемите ѕвезди на Голден стејт вориорс, Стеф Кари имал успешна операција на својата скршена десна дланка во петокот, по што ќе пропушти најмалку три месеци, потврди НБА клубот.

Двократниот МВП на лигата бил на операција во клинината „Сидерс-Синај Керлан-Џоуб“ во Лос Анџелес и Вориорс очекуваат целосно опоравување.

Ова е уште еден удар за Вориорс, кои се шампиони од НБА лигата во 2015, 2017 и 2018, но оваа сезона имаат сам оедна победа во четири натпревари. Од доаѓањето во Вориорс во 2014/15, Кари во просек има 16 поени по натпревар за Вориорс.

Кари се повреди при поразот од Феникс во средата, кога се судри со Арон Бејнс, кој на крајот падна на неговата рака.

Scroll to Top