Луди 12 секунди го обележаа натпреварот помеѓу Вашингтон Визардс и Бруклин Нетс. Визардс, против второпласираниот тим на Истокот, ја забележаа четвртата победа во 16 натпревар оваа сезона. Вашингтон победија со 149:146.
Без Џејмс Харден, Бруклин имаа предност од пет поени на 12 секунди до крајот и не успеаја да победат.
Во лудиот финиш најпрвин Бредли Бил постигна тројка, веднаш потоа Визардс ја украдоа топката, па тројка постигна Расел Вестбрук. По тај-аутот, Луваву не успеа да погоди за Бруклин, а Бил со две слободни фрлања го постави конечниот резултат.
BEAL FOR 3.
MATHEWS STEALS IT.
RUSS FOR 3.The @WashWizards erase a 5-point deficit in the final seconds, from EVERY ANGLE! pic.twitter.com/aA5iLhdAaS
— NBA (@NBA) February 1, 2021
Вестбрук мечот го заврши со 41 поен, 10 скока и осум асистенции, Бил забележа 37 поени. На спротивната страна се издвоија Кевин Дурент со 37 поени, Џо Херис со 30 и Кајри Ирвинг со 26 поени и осум асистенции.
Резултати:
Денвер-Јута 128:117
Минесота-Кливленд 109:104
Торонто-Орландо 115:102
Индијана-Филалдлефија 110:119
Њујорк-ЛА Клиперс 115:129