Top Sport

Валенсија го доби трилерот против Барселона во Евролигата

Валенсија славеше против Барселона со 84:83 во дуелот меѓу двете шпански екипи во Евролигата. Со овој пораз каталонскиот тим ја загуби предноста на врвот на табелата и сега има пет порази.

Во „Ла Фонтета“ се одигра неизвесен натпревар. Двата тима постојано се менуваа во водство, а Валенсија ја имаше единствената двоцифрена предност во самата завршница од натпреварот.

На три минути до крајот, резултатот на семафорот гласеше 79:69, но ниту тоа не беше доволно Валенсија мирно да го заврши натпреварот.
Во последните 30 секунди, Џејмс Веб промаши шут за три поени по кошот на Лапровитола, а неговата грешка на другиот крај ја искористи Никола Миротиќ и погоди за 81:80 на 14 секунди до крајот.

Шарунас Јасикевичиус ја сакаше својата судбина во свои раце и беше направен брз фаул. Крис Џонс двапати беше прецизен од линијата за слободни фрлања, а потоа Лапровитола го промаши шутот за продолжение.

Хасијел Риверо ја предводеше Валенсија до победата со 16 поени, додека два помалку имаше Бојан Дубљевиќ со шест скока.

Кај Барселона блескаше Николас Лапровитола со 28 поени, седум асистенции и четири скока. Никола Миротиќ го заврши мечот со 11 поени, а Никола Калиниќ не беше шутерски расположен и заврши со четири поени, но и со осум скока.

Кошаркарите на Жалгирис на домашен терен го победија Баерн Минххен со 75:67. Кинан Еванс постигна 32 поени и беше најзаслужниот за триумфот на својот тим против гостите од Минхен.

Олимпија Милано го совлада Монако со 79:71, а Анадолу Ефес беше убедлив против Панатинаикос. Вил Клајбурн со 23 поени го предводеше турскиот состав до триумфот.

Scroll to Top