Top Sport

Валенсија по четврти пат го освои Еврокупот и доби место во Евролигата

Валенсија по четврти пат го освои кошаркарскиот Еврокуп, откако во „мајсторката“ со 89:63 беа подобри од Алба Берлин.

Гостите поведоа со 11:0, а домаќините речиси четири минути не постигнаа поен, но откако влегоа во ритам, Алба немаше шанси. До полувремето разликата беше 13 поени (46:33), по што рутински го доведоа мечот до крај.

Најдобар за домаќините беше Мет Томас со 19 поени, додека по 18 имаа Бојан Дубљевиќ и Фернандо Сан Еметерио.

Scroll to Top