Top Sport

Валенсија загуби во Подгорица – Тренерот тргна да се тепа со судиите

Тренерот на Валенсија, Џоан Пењароа, предизвика инцидент во Подгорица, по поразот на Валенсија од Будуќност (71:70), во второто коло во Еврокупот.

Валнесија го имаше последниот напад на натпреварот, меѓутоа Џастин Кобс успеа да го одбрани својот кош од Бојан Дубљевиќ. Пењароа смета дека неговиот играч бил фаулиран, поради што по завршувањето на натпреварот вербално ги нападна судиите.

Потоа тој се обиде и физички да се пресмета со нив, поради што реагираше обезбедувањето во салата.

На прес конференцијата, тој не сакал да го коментира инцидентот.

Scroll to Top