Top Sport

Ватутин: На ЦСКА никој не и понуди да игра во друга земја

Макаби ќе биде домаќин на натпреварите од Евролигата во Белград. Таа одлука е потврдена, но тоа не значи дека нема такви кои имаат поинакво разбирање за ситуацијата.

Реакциите се различни, а една од оние кои се издвојуваат доаѓа од ЦСКА Москва, од Андреј Ватутин, кој за руските медиуми ја коментираше одлуката од Евролигата.

Претставниците на 13 клубови акционери во Евролигата се согласија со одлуката Макаби да игра во Белград. Иако се шпекулираше дека пет клуба (три шпански и два турски) гласале за суспензија на Макаби.

„Пред две години ЦСКА беше исфрлена од Евролигата поради политички причини. Ниту објаснувањето што го добивме тогаш немаше смисла бидејќи знаеме дека се е направено од политички причини. Пред две години ни беше кажано дека мораме да бидеме суспендирани поради безбедносни и патни проблеми. Никој не ни понуди опција да бидеме домаќини во друга земја“, изјави Ватутин за ТАСС.

„Доколку ја следевме таа одлука, ние требаше да бидеме против одлуката Макаби да биде домаќин во Белград и требаше да се заложиме и тие да бидат суспендирани, но тоа би било погрешно“, рече тој.

Scroll to Top