Новинарот Брендан Робинсон најавува спектакуларен трејд во НБА лигата кој треба да се случи по 15.декември. Доколку овој трејд биде реализиран тогаш ќе има „тектонски пореметувања“ во НБА лигата, особено во Западната конференција.
Робинсон е новинар чии информации, кои се поврзани со НБА лигата, секогаш се точни и никогаш не се на ниво на шпекулации.
Според Робинсон, две франшизи, ЛА Лејкерс и Њу Орлеанс Пеликанс, ќе бидат главни играчи во овој спектакуларниот трејд, а во истиот треба да се вклучи и Орландо Меџик.
Главна ѕвезда во оваа размена е Ентони Дејвис, најдобриот центар во лигата. Дејвис треба да се пресели во ЛА Лејкерс, кај Леброн Џејмс, а во замена за него Њу Орлеанс Пеликанс би ги добиле Лонз Бол, Кентавиус Калдвел-Поуп и Брендон Инграм.
ЛА Лејкерс покрај Дејвис бараат уште еден играч од Пеликанс, Елфрид Пејтон или Иајн Кларк.
За да биде комплетиран трејдот, во него ќе се вклучат и Орландо Меџик. Франшизата од Флорида сака да се ослободи од Никола Вучевиќ чии договор истекува наредното лето. Меџик имаат намера да отворат простор за младиот центар Мо Бамба.
Сепак голема мистерија е зошто Меџик се вклучуваат во трејдот, бидејќи не е познато што би добиле, а исто така нејасно е зошто би се ослободиле од Вучевиќ, кој од почетокот на сезоната игра во голема форма и е еден од најдобрите играчи во НБА лигата.