Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони „веѓата“ Дејвис со полна уста пофалби за своите соиграчи Леброн Џејмс и Ражон Рондо по победата на „езерџиите“ против „ракетите“ со 112-102.
Токму двајцата спомената кошаркари беа едни од најзаслужните за тоа што Лејкерс води со 2-1 во полуфиналната серија.
Џејмс го заврши мечот со 36 поени и 7 скокови, а Рондо придонесе во победата со 21 поен и 9 асистенции.
„Го почувствував тоа уште со Њу Орлеанс, Рондо е вистинскиот човек за плеј-оф. Кога доаѓа плеј-офот, тој го подигнува нивото на игра, шутира сјајно, непогрешлив е во асистенциите. Неговата кошаркарска интелигенција е на повисоко ниво. Во екипата ги имаме двајцата најпаметни кошаркари во лигата, Рондо и Леброн“ – истакна Дејвис.
И Дејвис имаше голем придонес во победата на Лејкерси, со 26 поени и 15 скока.
Следниот меч меѓу овие две екипи на програмате е ноќта меѓу четврток и петок.