Top Sport

Вејд го стиша џезот, Далас ги победија ЛА Клиперс (Видео)

Пет натпревари се одиграа во НБА лигата во текот на изминатата ноќ. Екипите што играа на домашен терен имаа повеќе успеах, а меч винер беше Двејн Вејд. Легендарниот „Флеш“, реши победникот на мечот помеѓу Мајами Хит и Јута Џез.

Мајами со 102:100 ја доби пресметката со Јута, а Вејд покрај тоа што ги постигна последните седум од десетте поени на својот тим. Исто така Вејд беше прецизен од линијата за слободни фрлања на 3,2 секунди до крајот на мечот, со што го постави конечниот резултат.

„Флеш“ натпреварот го заврши со 15 поени, три скока и осум асистенции. Најефикасен кај Мајами беше Хасан Вајтсајд со монструозен „дабл-дабл“ од 23 поени и 20 скока. Шпанецот Рики Рубио (23 поени, пет скока, шест асистенции) ја предводеше Јута.

Сан Антонио Спарс, носени од двоецот Демар Дерозан и Ламаркус Олдриџ, во одличен меч ги совладаа Портланд Трејлблејзерс 131:118.

Дерозан постигна 36, а Олдриџ 29 поени за Спарс, додека Портланд го предводеше Демијан Лилард 37 поени и 10 асистенции.

Далас Маверикс, без повредениот Лука Дончиќ, славеа против ЛА Клиперс 114:110. Со овој пораз Клиперс челната позиција во Западната конференција им ја препуштија на Денвер Нагетс.

Најефикасни во победничкиот тим беа Херисон Барнс со 30 поени и девет скока, Џеј-Џеј Бареа со 24 поени и поранешниот играч на Клиперс, Деандре Џордан со 16 поени 23 скока.

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Њу Орлеанс Пеликанс 109:119
Мајами Хит-Јута Џез 102:100
Филаделфија ’76-Мемфис Гризлис 103:95
Далас Маверикс-ЛА Клиперс 114.110
Сан Антонио Спарс-Портланд Трејлблејзерс 131:118

Scroll to Top