Top Sport

Летонија за почеток, Израел за крај на квалификацискиот циклус

Три од првите четири натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година, фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги одигра на домашен терен. По ждрепката во Даблин беше одреден распоредот на натпреварите во Г-групата.

Македонија за противници ги има Полска, Австрија, Израел, Словенија и Латвија. Квалификацискиот циклус Македонија ќе го отвори на 21.март наредната година против Латвија во Скопје, а ќе го заврши исто така на домашен терен против Израел на 19.ноември 2019 година.

Распоред на квалификациските натпревари на македонската репрезентација

21.март 2019 Македонија – Летонија
24.март 2019 Словенија – Македонија
7.јуни 2019 Македонија – Полска
10.јуни 2019 Македонија – Австрија
5.септември 2019 Израел – Македонија
9.септември 2019 Летонија – Македонија
10.октомври 2019 Македонија – Словенија
13.октомври 2019 Полска – Македонија
16.ноември 2019 Австрија – Македонија
19.Ноември 2019 Македонија – Израел

фото: ffm.mk

Scroll to Top