Top Sport

Вембањама е висок 225 сантиметри, но ќе игра како плејмејкер за Сан Антонио?

Кошаркарскиот свет со нетрпение го очекува НБА дебито на Виктор Вембањама, 225 сантиметри високиот Французин кој беше избран прв на драфтот од Сан Антонио Спарс.

Првиот натпревар од новата сезона ги очекува на 25 октомври во Далас против Лука Дончиќ.

Вемби, како и многу негови соиграчи, тогаш би можел да се најде во необични улоги. Легендарниот тренер Грег Попович на подготовките инсистира на безпозициска кошарка и го става Вембања во ситуации кога е на плејмејкерска позиција.

„Нема ограничувања. Во многу акции сѐ зависи од тоа каде се наоѓате на теренот. Можам да бидам шпиц, исто како што можам да бидам и на крило”, изјави 19-годишниот Французин, кого Леброн Џејмс го нарече „вонземјанин“.

„Нема сомнеж дека понекогаш го правам истото како Тре Џонс, кој е плејмејкер, понекогаш истото како центарот Зак Колинс, а понекогаш исто како крилото Девин Васел“, објасни Вембањама, кој ќе биде највисок играч во НБА, но тоа не значи дека нема да биде во улогата предвидена за оние кои се 30-40 сантиметри пониски од него.

Scroll to Top