Сан Антонио и Оклахома запишаа нови победи во НБА лигата. Сан Антонио го бележи најдобриот страт на една сезона во историјата на франшизата, пет победи во исто толку натпревари. Шест победи во шест натпревари има актуелниот првак Оклахома.
Сан Антонио Спарс славеа во суелот со Мајами Хит 107:101. Виктор Вембањама ги предводеше „Мамузите“ до нивната петта победа во исто толку натпревари со 27 поени, 18 скока, 6 асистенции и 5 блокади. По него следеше Стефон Касл со 21 поен и 8 асистенции. Кај Хит, Бем Адебајо блескаше со 31 поен и 10 скока, но тоа не беше доволно за Мајами да се оддалечи од четвртиот изедначен триумф.
Шампионот Оклахома Тандер рутински го победи Вашингтон со 127:108 и ја забележа шестата победа во исто толку натпревари. Шеј Гилџес Александар имаше 31 поен и 7 асистенции, а Џо и Мичел постигнаа по 20. Кај Вашингтон, Си-Џеј Меколум се истакна со 19.
Милвоки го победи Голден Стејт со 120:110 и без Јанис Антетокумпо (проблеми со коленото), а Ролинс го одигра најдобриот меч во кариерата со 32 поени. Орландо беше подобар од Шарлот на гостински терен со 123:107, а најдобри актери беа главните ѕвезди на тимот Франц Вагнер со 21 и Паоло Банкеро со 20 поени.
 
				