Девин Весел го продолжи договорот со Сан Антонио Спарс.
Бек се договори со „мамузите“ на петгодишен договор вреден 146 милиони долари.
Весел го доби овој договор врз основа на „руки скалата“ за играчи во класата од 2020 година.
На овој начин тимот ги зацврсти темелите како основа околу која Спарс ќе го градат својот тим понатаму со првиот пик од оваа година Виктор Вембањама.
Минатата сезона Весел имаше просек од 18,5 поени со 3,9 скока и 3,6 асистенции по натпревар за Спарс.