Јан Весели постигна за него рекордни 32 поени за да ги крене Фенербахче до 86:80 победа на гости кај Зенит Санкт Петерсбург, првпат турскиот клуб да сврзе две победи во Евролигата оваа сезона.
Чехот Весели постигна 22 од своите 32 поени во првото полувреме, а му помогна и Нандо де Коло со 18 поени, 8 асистенци и 2 украдени топки. Дишон Пјер им донесе предност на Фенер од пет поени (82:77) на две минути пред крај, и заврши со 13 поени, додека турскиот клуб го подобри скорот на 5-9. Зенит, за кои Џордан Лојд имаше 19 поени, сега има три порази во низа и 8-6 скор.
Црвена звезда, пак, повторно доминираше во одбраната, а предводени од Никола Калиниќ стигнаа до 81:76 победа над Олимпијакос, за втора победа едноподруго. Калиниќ имаше 25 поени, додаде уште 6 асистенции, и беше човекот на одлука кога беше најпотребно во меч во кој имаше многу промени на водството.
ЕВРОЛИГА, 14.КОЛО
Зенит Санкт Петерсбург – Фенербахче 80:86 (18:16, 23:24, 21:21, 18:25)
Црвена звезда – Олимпијакос 81:76 (19:15, 17:23, 20.15, 25:23)
Баерн Минхен – Анадолу Ефес 83:71 (27:23, 17:15, 22:16, 17:7)
Макаби Тел Авив – Уникс Казан 74:85 (24:26, 19:17, 23:20, 8:22)
Басконија – АСВЕЛ Лион 91:66 (19:19, 26:25, 24:11, 22:11)