Top Sport

Вестбрук „20+20+21“, испиша историја во НБА лигата (Видео)

Кошаркарот на Оклахома Тандер, Расел Вестбрук, испиша нова страница во историјата на НБА лигата. Тандер ги победија ЛА Лејкерс 119:103, а Вастбрук стана вториот играч што успеал да запише трипл-дабл со најмалку 20 поени, асистенции и скокови.

„Ова е за Нипси“, рекол Вестбрук, кој победата и својот нестварен учинок му ги посветил на неодамна убиениот рапер.

Вестбрук против ЛА Лејкерс забележа 20 поени, 20 скока и 21 асистенција. Во минатото, во 1968 година, само Вилт Чембрлен на еден меч успеал да забележи по 20 поени, скокови и асистенции.

Scroll to Top