Top Sport

Казинс го надигра Јокиќ, Вориорс убедливи против Денвер (Видео)

Голден стејт Вориорс ги декласираа Денвер Нагетс 116:102, во дерби мечот, одигран изминатата ноќ во НБА лигата. Вориорс до крајот на регуларниот дел од сезоната треба да забележат уште една победа за да го обезбедат првото место во Западната конференција.

Дербиот беше дерби само во првата четвртина (30:29). По серијата на Вориорс 11:2 дуелот на двете најдобри екипи на Западот стана еднонасочна улица. Во последната четвртина Вориорс имаа предност и од 30 поени (105:75). Кевин Дурент беше исклучен поради константни приговори кон судиите.

Дуелот мина во знакот на Демаркус Казинс, кој го доби дуелот со Никола Јокиќ. Казинс забележа 28 поени и 12 скока, а Јокиќ заврши со десет поени, пет скока и четири асистенции.

Убедлива победа забележаа и Хјустон Рокетс против Сакраменто Кингс (130:105). Џејмс Харден забележа 36 поени и 10 асистенции, а по 19 кошеви постигнаа Ерик Гордон и Дерил Хаус. Кај Кингс се истакнаа Бади Хилд со 20 и Марвин Бегли со 19 поени.

Сан Антонио Спарс според очекувањата ги совладаа Атланта Хокс 117:111. Во победата на Спарс по 23 поени реализираа Демар Дерозан и Дерик Вајт. Најефикасен на теренот беше играчот на Хокс, Кент Бејзмор со 26 поени.

Scroll to Top