Оклахома Тандер стигна до шестата победа во низа, во НБА лигата. По победите над Шарлот, Сакраменто, ЛА Лејкерс, Кливленд и Бруклин, пред Расел Вестбрук и екипата оружјето го положи и Вашингтон Визардс.
Во престолнината на САД револверашкиот двобој на Вестбрук (Оклахома) и Бредли Бил (Вашингтон) му припадна на најдоминантниот плејмејекр на денешницата.
Вестбрук со 46 поени и по 6 скока и асистенции ја предводеше Оклахома до победата 121:112. на спротивната страна Бил имаше учинок од 41 поен и 12 асистенции.
Шестата победа на последните седум натпревари ја забележа Голден Стејт. Актуелните шампиони славеа над Минесота 126:113. Кевин Дурент оставри трипл дабл (28 поени, 10 скока, 11 асистенции). Кај Минесота блескаше Карл-Ентони Таунс со 31 поен и 11 скока.
Сакаменто на Флорида ја забележа и втората победа. Со кошот на Де’Ареон на три секунди до крајот Сакраменто славеше во Мајами 89:88. Бади Хилд го предводеше Сакраменто со 24 поени, додека кај Мајами најпрецизен беше Горан Драгиќ со 23 поени. Мајами нема победа на последните три натпревари.
Три порази во низа има и Њујорк Никс. Последниот го забележа во Денвер 130:118. Гери Херис го предводеше Денвер со 23 поени, каде беспрекорен меч одигра Никола Јокиќ (18 поени, 7 скока, 10 асистенции). Њујорк го предводеа Енес Кантер со 20 поени, односно Треј Брук 18 поени и 11 асистенции.