Top Sport

„Вестбрук не веруваше колку години имаат Дончиќ и Радончиќ“

Тренерот на кошаркарите на Баерн, Пабло Ласо сподели интересна приказна која се случила додека го водел Реал Мадрид.

Шпанскиот стручњак и мадридскиот гигант се разделија минатото лето по 11 години соработка, а Ласо го презеде минхенскиот клуб по едногодишна пауза во јуни.

Ласо потсети на еден натпревар со Оклахома додека го водеше „кралскиот клуб“ и невообичаените ситуации со Дино Радончиќ и Лука Дончиќ.

„Има една смешна приказна. Кога еднаш игравме со Оклахома во Мадрид, играа Дино Радончиќ и Лука Дончиќ. Еден од моите синови беше зад клупата на Оклахома. Вестбрук, враќајќи се на клупата, рече: „Не е можно дека овие две деца имаат 16 и 17 години”. Зошто? Поради начинот на кој се натпреваруваа. Тоа е она што се обидувам да ги научам моите играчи. Мора да се натпреварувате од првата минута, од првиот тренинг, тоа е нешто што ќе ве направи подобри играчи“, рече Ласо.

Scroll to Top